Фабриката MaYa – совршена сплотеност на архитектурата и природата

Предизвикот да се направи индустриски објект кој во исто време е функционален, изграден од природни материјали и со модерен изглед, но и кој совршено се вклопува во околината, е тешко остварлив. Потребно е многу труд, вештина, но и визија за сето тоа да се реализира. Но, со овој зададен предизвик успешно се справи тимот што го проектираше и градеше објектот на фабриката во која се полни водата MaYa, најчистата природна изворска вода во земјава, но и во поширокиот регион.

 

Фабриката MaYa е лоцирана во дебарското село Гари кое е познато како еден од еколошки најчистите региони во светот. Изградена е надвор од урбаната средина, на тешко пристапен, изразено кос, карпест терен на надморска височина од 905 метри и опкружена со многу бујна вегетација. Скриен во пазувите на околната шума, овој објект воопшто не наликува на фабрика. При изградбата на фабриката, надворешно и внатрешно, користени се природни материјали меѓу кои доминираат дрвото и каменот. Во изградбата е користено дрво од типот сибирски ариш кое е многу издржливо на локации со поекстремни временски услови, какви што честопати може да се сретнат на повисоките делови од Стогово, но и природен камен кој освен во објектот, се користи и за изградба на сите пристапни патеки околу фабриката. На тој начин, овој објект совршено се претопува со околната средина во која доминираат дрвја и карпи, градејќи една природна целина во која зачувувањето на околниот биодиверзитет е приоритет.

Голем дел од внатрешниот простор од објектот е од отворен или полуотворен тип, особено многубројните делови кои се наменети за одмор и релаксација на вработените. Природните материјали доминираат и во внатрешното уредување на просторот, со што природната околина на фабриката е пресликана и во нејзината внатрешност. Надворешните ѕидови се покриени со огромни стаклени површини што овозможува непречен поглед кон околните пејсажи кои го одземаат здивот, момент кој делува релаксирачки за сите сетила на луѓето кои престојуваат во објектот.

Токму поради модерниот изглед, еколошките материјали и совршената вклопеност во околината, објектот на фабриката MaYa ја воодушевува стручната јавност, при што архитектите ја избраа оваа зграда за најдобар архитектонски објект во 2018 година.    

А внатре во објектот, со најсовремена опрема и технологија се пакува водата MaYa, природна и најчиста изворска вода која извира на 1.200 метри надморска височина. Изворот од кој се полни MaYa се наоѓа на 4 километри од фабричкиот објект, скриен длабоко под карпите, заштитен од сите надворешни влијанија, така што водата недопрена од човечка рака пристигнува во фабриката каде што исто така без никаков допир со надворешната средина се полни и пакува во најсовремена амбалажа.  

Кога архитектурата ќе се стави во служба на природата, резултатот мора да биде воодушевувачки. Објектот на фабриката MaYa e совршен доказ за тоа.   

Комерцијален текст

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе