„Езимит“ аконтативно ќе го уплати данокот на добивка и нема да ги користи владините мерки за помош на стопанството

Групацијата „Езимит“, како општествено одговорна компанија, земајќи ја предвид моменталната ситуација во Македонија, донесе одлука предвремено да ги исплати средствата по основ на данок на добивка за 2020 и 2021 во износ од околу шест милиони денари.

Групацијата информира дека ќе се откаже од мерките за помош на стопанството на Владата на Република Македонија. Воедно, „Езимит“ ќе ги задржи сите вработени без намалување на плата.

Сите други владини мерки што се однесуваат на заштита на врабитените и на клиентите доследно се спроведуваат, се вели во соопштението на „Езимит“.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе