„Евротим” од Кичево доби забрана за работа поради неквалитетниот мазут

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) изрече забрана за работа на компанијата „Евротим” од Кичево, поради отстапки во квалитетот на мазут, утврдени при дополнителните анализи.

„Државниот пазарен инспекторат ги доби резултатите од земените дополнителни мостри од складот за мазут во Ресен, во сопственост на компанијата ‘Евротим ГДС ДООЕЛ Кичево’. Според анализите, констатирано е дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430. Поради констатираните отстапувања на квалитетот на производот, од страна на ДПИ е донесено решение за забрана за промет на производот мазут, кој е затекнат во складот на економскиот оператор „Евротим ДООЕЛ Кичево”, се наведува во соопштението на ДПИ.

Инспекторатот, додаваат оттаму, уште при првичните контроли во компанијата „Евротим” од Кичево издаде Решение за времена забрана за пуштање во промет на мазут, затоа што тогаш кај две цистерни на компанијата беа утврдени отстапки од граничните вредности на мазутот што го увезува оваа компанија, односно параметрите за квалитетот на мазутот не одговараа согласно Правилникот за кавлитет на течни горива. По задолжение од ДПИ, тогаш двете цистерни од кои беа земени мострите, беа вратени кај добавувачот, по што следуваа последните дополнителните анализи.

Владата, како што се додава во соопштението, е подготвена и одлучна за разврска и расчистување на сите сомнежи и прашања поврзани со информациите за увоз на мазут и нафтени деривати. По дадените владини сите надлежни институции навреме, во рамки на дадените рокови, доставиле информации, секој во согласност на надлежностите. Целата документација, со сите наоди од надлежните институции, веќе се доставени во Основното јавно обвинителство – Скопје, за понатамошно процесуирање и постапување согласно нивните надлежности.

 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе