Европските мултилатерални институции со зголемен интерес за бизнис секторот од регионот

Редовните т.н. годишни средби на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) годинава се одржуваат во Сараево, БиХ. На настанот учествуваат премиери, високи претставници на финансиски институции и на бизнис секторот. Се одржуваат бројни и разновидни настани и средби.

Во текот на првиот ден, двете панел дискусии посветени на бизнис секторот во земјите од Западниот Балкан и Турција беа главен настан. На првиот панел беа презентирани наодите од индексот на политиките за мали и средни претпријатија за земјите од овој регион.

По тој повод, меѓу другите се обрати и Катарина Матернова од Директоратот на ЕУ за проширување и земјите во „соседството“, која истакна дека Рамката за инвестирање во регионот на Западен Балкан ќе се модифицира за да ги усогласи процедурите на досегашните механизми за финансирање. Крајниот резултат од таквата промена ќе биде спојувањето на дебатата за политиките и целите за кои постои стремеж да се постигнат, од една страна, и одлуките за инвестирање, од друга страна.

Годишното истражување за индексот на политиките за мали и средни претпријатија за земјите од Западен Балкан и Турција покажа дека најголема слабост е недостигот од соработка помеѓу владите и приватниот сектор. Други клучни слабости се носењето на важни промени во регулативата во итна постапка, отсуството од централизиран пристап кај процедурите за лиценцирање, отсуството од независни евалуатори за ефективноста на проектите што се финансиски поддржани од владите...     

Вториот панел беше фокусиран на пристапот до финансиски средства. Марко Мароне, од Европскиот фонд за инвестиции и координатор на Механизмот за финансирање на развој на претпријатијата и иновации (EDIF) посочи дека двата столба на програмата, финансиските инструменти и техничката помош за градење на капацитетот на претпријатијата и понатаму ќе продолжат. Механизмот за давање гаранции и Програмата за конкурентност, како програми за споделување на ризикот со деловните банки, продолжуваат.

Европските мултилатерални финансиски институции активно работат на изнаоѓање решенија што ќе овозможат малите и средни претпријатија полесно да дојдат до финансиски средства. Ова е многу важно за малите и средни претпријатија во услови кога, согласно кажаното на панелот, и самите банки се соочуваат со потребата од сопствена трансформација во начинот на приоѓање кон потребите на бизнис секторот од финансиски средства.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе