Европската комисија одлучи, квотите за македонскиот челик остануваат

Европската комисија одлучи квотите за извоз на челик и алумуниум во Европската унија, кои веќе 10 месеци се во сила ќе продолжат и во следните три години.

Македонските компании веќе се известени за одлуката која ќе почне да се применува од следниот месец.

Владата наведе дека штетите од оваа мерка нема да се одразат на економијата.

Стопанската комора бара производителите на железо и челик да бидат заштитени. Но и другите давачки што фирмите ги имаат кон Унијата да бидат одложени до конечното влегување во европското семејство.

Проценките на производителите се дека годишно Македонија ќе губи најмалку 100 милиони евра.

Македонските  компании 70 до 80% од производите ги извезуваат во Унијата со години наназад. Компании не можат да најдат алтернативен пазар каде би ги продавале производите.

Воведувањето на квотите уследи откако американската администрација еднострано воведе царини за увоз на челик и алуминиум од Европа. 

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе