Европол и Интерпол кај хрватски производители на вино и со хрватски етикети открија вино од Македонија, Италија и Чиле

Земјоделската инспекција на Државниот инспекторат на Р.Хрватска, во голема акција за сузбивање на трговијата со фалсификувана и недоволно квалитетна храна и пијалоци, откри вино од Македонија, Италија и Чиле.

Во голема акција на Европол и Интерпол под кодно име „ОПСОН 2020" поддржана од 83 земји, хрватската инспекција изврши контрола на вкупно 275 субјекти на етикетирање на вино и силни алкохолни пијалоци, пласирани на пазарот, објави хрватскиот Државен инспекторат.

Како што е наведено, откриено е дека пет контролирани субјекти ја имаат злоупотребено употребата на хрватските традиционални термини – квалитетно вино со контролирано географско потекло и врвно вино со контролирано географско потекло, на вина кои не се од хрватско потекло, но потекнуваат од Северна Македонија (едно вино), Италија (два вина) и Чиле (два вина).

Акцијата OPSON беше поддржана од Европската канцеларија за борба против измами (OЛАФ), Европската комисија и Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија (EУИПО).

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе