Евра на банкомат, уникатна услуга на Прокредит банката

Како банка лидер во иновативните, модерни технологии за банкарско работење Прокредит банка им нуди уникатна услуга на своите клиенти – да повлекуваат и дополнуваат евра директно на банкомат. Со оваа услуга клиентите на банката може со само неколку клика на банкомат да располагаат со евра и тоа без да трчаат до менувачница или да чекаат ред во работното време на експозитурите.

Прокредит банка располага со ЕУР банкомат на сите свои локации со Зони 24/7 и тоа: Скопје (Ново Лисиче и Карпош), Велес, Куманово, Штип, Струмица, Битола, Прилеп, Струга, Гостивар и Тетово. Зона 24/7 се модерни и автоматизирани експозитури кои работат 24 часа и нудат голем број на услуги како: уплата и исплата на денари и евра, сеф за дневен промет за компании, печатење на изводи, процесирање на налози за плаќање, уплата на кованици во денари на следниве локации - Карпош - Скопје, Струмица и Тетово, како и останати автоматизирани услуги.

Услугата за уплата и исплата евра на банкомат е достапна за сите клиенти на банката кои имаат сметка во евра и Maстеркард картичка.

Бидејќи Maстеркард картичката на Прокредит банка е мултивалутна картичка поврзана со трансакциски сметки во денари и евра, истата им овозможува на клиентите пристап до сопствените сметки 24/7 и тоа и за време на празници, неработни денови и викенди.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе