ЕВН: Во Грчец нелегално се троши струја за копање на биткоини

Вчера на автопатот Скопје-Тетово, жителите на Грчец протестираа поради дефекти на мрежата за дистрибиција на електрична енергија. Со реакција се јавија од ЕВН. Од таму велат дека Електродистрибуција постојано во текот на многу години значително инвестираше и се обидува да направи реконструкција на мрежата во Грчец, но екипите секогаш наидуваат на навреди и закани по живот, како и закани за предизвикување материјална штета од страна на жителите.

„Дефектите во селото се резултат на преоптоварување на мрежата од самите жители кои нелегално користат електрична енергија за сопствени потреби како и за копање биткоини. По настанување на дефектите, жителите иако пријавуваат дека немаат електрична енергија, сепак не им дозволуваат на екипите на Електродистрибуција да го санираат дефектот. Електродистрибуција иако постојано инвестира во материјални и човечки ресурси за решавање на проблемот во Грчец, сепак обидите секогаш неуспешно завршуваат бидејќи жителите не дозволуваат да се работи на ниту еден начин.", велат од ЕВН.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе