ЕВН хоме од ЕСМ доби понуда за струја поскапа за 17%, се чека на одлуката на РКЕ

ЕВН хоме како универзален снабдувач на електрична енергија на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември доби само една понуда од АД ЕСМ по цена од 48 евра за мегаватчас за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е за 17 отсто повисока од досегашната. Се чека на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

За претходниот период од јануари до јуни АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоме како универзален снабдувач.

За цената на електричната енергија на ЕВН хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН хоме, цената на преносниот систем оператор МЕПСО, цената на операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе