четврток, 25 април 2024

Муцунски: Со СДСМ и со ДУИ сега немаме потреба да преговараме

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека во вториот круг на претседателските избори нивната кандидатка Гордана Сиљановска Давкова ќе има поголем број гласови и оти ќе има поголема излезеност бидејќи,  како што рече денеска партискиот потпретседател Тимчо Муцунски, парламентарните избори сами по себе ќе донесат поголема мотивација за гласање, но и ќе има јасно определување каква иднина ќе има Македонија, со корупција или со надеж, проекти и реформи.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ. Граѓаните дадоа жолт картон на корумпираната власт, и црвен картон на политичките партии кои донесоа понижувања, национален срам и порази. Вчера се случи политичко цунами, кое ќе финализира на осми мај со уште поголема победа за ВМРО-ДПМНЕ и испраќање на СДС и ДУИ во опозиција“, рече Муцунски на прес-конференција, на која ја истакна разликата од 180.000 гласови помеѓу Сиљановска Давкова пред владејачкиот кандидат Стево Пендаровски со кого продолжуават во вториот изборен круг.

На новинарско прашање за гласовите од кандидатот на Европскиот фронт на владејачката ДУИ Бујар Османи, рече дека „тоа се гласови дадени од граѓаните за тој кандидат“ и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со заложбата „ да ја тргне корумпираната власт на СДСМ и ДУИ“.

„Тоа се два субјекта со кои сметаме дека во овој момент ниту има потреба да разговараме, ниту имаме потреба да преговараме. Јасно е дека мнозинство од граѓаните кои го остварија правото на глас гласаа против политиките на актуелната власт, по однос на тенденцијата на актуелните гласови ова е разлика којашто верувам дека ниту теоретски може да се стигне, рече Муцунски.

Тој смета дека голем број од граѓаните кои гласаа за Максим Димитривски од ЗНАМ и Билјана Ванковска од Левица ќе дадат поддршка за Силјановска Давкова и посочува дека тие веќе гласале   против Стево Пендаровски и искажале опозициско дејствување.

-Тие што вчера гласале и за Максим Димитриевски и за Билјана Ванковска имале опција вчера да гласаат и за Стево пендаровски, тие одлучиле да не ја искористат таа опција и јасно се определиле за двајца кандидати кои беа крајно критички кон оваа власт и кои имаат очигледно опозициско дејствување. По логиката на нешатата сакам да верувам дека тие граѓани ќе дадат поддршка за проф. Силјановска Давкова, но тоа е сепак нивно демократско право, тие можат да го изразат како што сакаат. Но, ако ме прашувате дали мислам дека голем дел од тие граѓани ќе дадат поддршка за професорката мислам дека да, така ќе биде, наведе Муцунски.

На новинарско прашање како ќе ја менаџираат состојбата со ДУИ  и принципот за коалицирање на победник со победник, Муцунски истакна дека ДУИ први го прекршиле тој принцип и оти со нив како опозиција  ќе имаат функционален дијалог во Собранието и институциите.

-Во Македонија до пред неколку години постоеше еден неформален принцип на коалиција помеѓу победникот со победник и тоа е далечно политичко минато, првиот што го прекрши тој  принцип беше ДУИ и сега велат, кога сме ние во прашање не смее да се прекрши. ДУИ заминува во опозиција и тоа е многу јасно. Нема потреба да се менаџира со опозицијата, постои дијалог и во Собрание и во институции и верувајте ние ќе го направиме функционален. Како што тие не знаеја да комуницираат со опозицијата и тоа безобразно однесување што го имаа кон опозицијата ние ќе го промениме затоа што треба да има дијалог со сите субјекти и со СДСМ во опозиција и со ДУИ во опозиција, но време е  тие субјекти да разберат дека по 8 мај нивното место во институциите станува минато. Во однос на тоа прашање не треба да имаме веќе дилеми, но бараме поддршка од граѓаните бидејќи тоа можеме да го издејствуваме со масовна граѓанска поддршка каква што видовме вчера а која очекуваме дека ќе биде зголемена за две недели, рече Муцунски.

Со тоа што Стевче Јакимовски, кандидатот на коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ  освои помалку гласови од собраните потписи за кандидатурата, според Муцунски се потврдила една од тезите што ги имала ВМРО-ДПМНЕ во моментот на собирање потписи, но, како што истакна, сега не е време и место за таков коментар.

-Ни треба позитивна енергија и надеж да гледаме кон иднинаната, Јакимовски има уште година и половина како градоначакник и во интерс на на жителите на општината му поскаувам, добар успех и добро здравје, рече Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ