Регулаторна комисија

Еуросупер БС-95 поскапува за половина денар, другите горива по стара цена

Бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 61 денар за литар, а Еуросупер БС-98 и понатаму ќе се продава за 62,5, Еуродизел (Д-Е V) за 53, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,062 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,763 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензинот во просек за околу 2,036 отсто, како и  за 0,354 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе