Еуроникел Индустри ќе користи обновлива енергија во производниот процес

Еуроникел Индустри инсталира соларна постројка чија енергија ќе се користи во финалните фази од производниот процес. Фотоволтаиците се со капацитет од 153Kw на час во пик и постројката ќе го напојува новоинсталираниот систем за сушење на финалниот производ – фероникел гранули. Постројката веќе е приклучена на внатрешната енергетска мрежа. Користењето обновливи извори на енергија во производниот процес е дел од обемните инвестициски планови и проекти на Еуроникел Индустри чиј крајна цел е унапредување на целокупните работни перформанси, особено во делот на енергетиката и заштита и подобрување на животната средина.

„Соларната постројка е поврзана со системот за сушење на нашиот финален производ – фероникел гранули, што е многу важно за целосната оперативност на компанијата и трансформацијата кон користење обновливи извори на енергија во производниот процес. Придобивките од оваа инвестиција се повеќекратни, добиваме производ претпочитан од нашите клиенти, а сето тоа на енергетски ефикасен начин, со што придонесуваме и кон заштита на животната средина. Ова дополнително ја зголемува компетитивната предност на Еуроникел Индустри во однос на другите производители на фероникел. Поставувањето фотоволтаици е само првиот од повеќе планирани инвестиции во обновливи извори на електрична енергија што, исто така, е дел и од нашата
посветеност на заштита и унапредување на животната средина", изјави Герасим Кујунџиев директор на Еуроникел Индустри.

Целокупниот проект за инсталирање на соларната постројка е изработен исклучиво со сопствени ресурси од страна на подружницата на Еуроникел Индустри, Нова Инжинеринг, којашто ги поседува сите лиценци за проектирање и изработка на ваков вид проекти, а во соработка со инженерите и стручните лица од компанијата.

Со овој проект, Нова Инженеринг уште еднаш ги демонстрираше своите разновидни компетенции да изработува специјализирани "custom-made" проекти согласно потребите на своите клиенти и тоа од нацрт проект до пуштање во работа. Еуроникел Индустри е производител на висококвалитетен никел којшто го пласира на европскиот и светскиот пазар во конкуренција со производители од Европа, Америка, Канада, Австралија и други.

Притоа компанијата ги имплементира сите најсовремени производни методи и стандарди за заштита на животната средина.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе