Лондон

Eуромани: НЛБ Банка најдобра банка во Македонија

Oваа награда е уште една потврда за особениот успех во надминувањето на сите поставени предизвици на банката, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати, велат од НЛБ банка.

НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Македонија од страна на Еуромани. Наградите, како што соопштуваат од Банката, се врачени во Лондон.

Според Банката оваа награда е уште една потврда за особениот успех во надминувањето на сите поставени предизвици на Банката, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати.

„Натпреварувајќи се на висококонкурентен банкарски пазар, банката која се истакна со резултатите минатата година во Македонија е НЛБ Банка АД Скопје, благодарение на остварената доминатна профитабилност во секторот, подобрениот квалитет на средствата и инвестициите во дигитализацијата“, наведува магазинот во соопштението по повод прогласувањето на банката.

 

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе