Еуролинк осигурување: Немаме никаква капитална поврзаност со Еуростандард банка

Немаме никаква капитална или друга поврзаност со Еуростандард банка, соопштува Еуролинк осигурување во врска со тековните случувања поврзани со банката.

„Еуролинк осигурување АД Скопје од 31 март 2020 година е во 100% сопственост на Grazer Wechselseitige Versicherung AG (GRAWE Group) со седиште во Грац, интернационална компанија со осигурителна традиција долга повеќе од 190 години. Оттука, сакаме да ги информираме сите наши осигуреници и соработници дека одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка нема и ниту ќе има ефект врз нашето работење.

Изнајмуваме деловни простории во сопственост на Еуростандард банка, каде е сместена нашата централа, и истата продолжува да работи без прекин и пречки“, соопшти Еуролинк осигурување.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе