Дијалог на Народната банка со Европската Унија

ЕУ оцени дека монетарната политика е соодветна, а банкарскиот сектор е стабилен

Вицегувернерката Емилија Нацевска ја претставуваше Народната банка на заедничкиот дијалог со ЕУ на земјите од Западен Балкан и Турција за економијата и финансиите, којшто се одржува секоја година, и е дел од претпристапното усогласување на земјава. Во центарот на вниманието, како што соопшти Народната банка, беа предизвиците од пандемијата и руската инвазија врз Украина, како два последователни надворешни шока, како и преземените мерки преземени од носителите на политиките за справување со кризите и за зголемување на отпорноста на економиите.

Вицегувернерката Нацевска посочи дека Народната банка навремено реагира на новонастанатите околности.

„Последните промени во глобалните економски услови се однесуваат на изразено повисоко ценовно ниво на увезените производи, општа зголемена неизвесност и затегнување на глобалните услови и делуваат врз домашната инфлација, но и врз побарувачката на девизи на девизниот пазар. Заради навремена реакција во врска со инфлациските очекувања и стабилизирање на девизниот пазар, Народната банка во два наврати умерено ја зголеми основната каматна стапка, продолжи со диференцирање на стапките на задолжителна резерва во домашна и во странска валута, а преку активноста на девизниот пазар директно придонесува за одржување на стабилноста на девизниот курс“, рече Нацевска.

Вицегувернерката нагласи дека и покрај потребата за активно управување со овие тековни предизвици, а заради одржување на стабилноста, особено е значајно што Народната банка и натаму работи на реформските активности насочени кон дигитализацијата, поддршка на зелените финансии и финтек-секторот. На ваков начин, додаде, централната банка дава свој придонес кон структурната реформска агенда и ја зголемува отпорноста на економијата на шокови.

Накусо, како што информира Народната банка, оценките и препораките за централната банка на Македонија од заедничкиот дијалог, накусо гласат:

„Монетарната политика на Народната банка е соодветна и придонесува за одржување на севкупната стабилност. Банкарскиот сектор и натаму е стабилен и здрав, обезбедувајќи кредитна поддршка во текот на закрепнувањето на економијата од пандемичниот шок. Истовремено, тој е клучниот столб на севкупната финансиска стабилност. Еден од главните предизвици за централната банка е растот на инфлацијата, којшто главно е резултат на глобални фактори на страната на понудата. Сепак, во последниот период се видливи и одредени преносни ефекти. Во вакви околности е потребна будност и внимателно следење на цените и на инфлациските очекувања и доколку е потребно, натамошно затегнување на монетарната политика за да се одржи ценовната стабилност на среден рок“.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе