ЕУ бара целосна либерализација на поштенскиот пазар во Македонија

Агенцијата за пошта повторно ќе препорача целосна либерализација на поштенскиот пазар во државава, што е една од забелешките во Извештајот на ЕК за оваа област, од каде препорачуваат регулаторното тело да продолжи со јакнење на административните капацитети, а властите да ја почитуваат неговата независност.

„Либерализацијата на пазарот беше одложена во четири наврати. Последното одложување беше со законската измена и важи до 1 јануари 2020 година. Агенцијата за пошти во континуитет ќе остане на ставот дека либерализацијата мора да се случи“, изјави денеска за МИА директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамовска Ѓореска.

Според неа, Македонска пошта се подготвува за претстојниот процес на целосна либерализација.

„Имаме одлична соработка со Македонска пошта и ќе почнеме да работиме на усогласување за измени на Законот за поштенски услуги каде што ќе ги имаме во предвид сите недостатоци и потреби што произлегуваат од секојдневното работење. На добар пат сме да направиме добро и за пазарот и за сите даватели на поштенски услуги“, рече директорката на АП.

Таа потенцираше дека Агенцијата за пошти работи и на забелешките од ЕК за потребата од зајакнување на административните капацитети, како и за усогласување на домашното со законодавството на ЕУ, активности што се спроведуваат преку тековниот твининг проект со ЕУ.

Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, претставувајќи ги предизвиците за поштенскиот сектор во државава од Извештајот на ЕУ потенцираше дека  претстојат уште многу активности за целосно либерализирање на поштенскиот пазар.

„Препораките се дека пазарот треба да биде либерализиран до 1 јануари 2020 година, а тоа е датум што веќе тропа на вратата. Македонска пошта односно назначениот поштенски оператор  за унвиерзална услуга мора да воведе посебно сметководство и пресметување на нето трошоците за воопшто пазарот да биде либерализиран. Истовремено властите мора да ја почитуваат независноста на Агенцијата за пошти и да се зајакнат административните и регулаторните капацитети на ова тело“, изјави Бертолини.

Состојбите на поштенскиот пазар се дел од темите на пленарниот состанок на Европскиот комитет за поштенска регулација, што се одржува денеска и утре во Скопје, а чиј домаќин е Агенцијата за пошти. 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе