ЕСМ: Скопјани ќе имаат парно греење до 1 часот по полноќ

Согласно Уредбата донесена на вчерашната седница на Владата во врска со кризата настаната во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје и дополнителните одлуки кои ќе следуваат, АД ЕСМ во текот на следната недела и официјално ќе го преземе раководењето со БЕГ до завршувањето на кризата со снабдување со топлинска енергија, соопшти денеска ЕСМ. Во соопштението се наведува дека скопјани наместо до 22 часот секој ден, парно греење ќе имаат до 1 часот по полноќ.

„Преземањето на управувањето со трите субјекти на БЕГ, (Производство, Дистрибуција и Снабдување ) и со топлификација АД Скопје Север се очекува во текот на претстојната недела, откако АД ЕСМ ќе ги добие од страна на Владата потребните одлуки и задолженија за спроведување на преземањето“, велат од АД Електрани на Северна Македонија.

Во меѓувреме, АД ЕСМ потпиша договор со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје.

„Со тој договор ТЕ-ТО ќе го зголеми обемот на производство на електрична и на топлинска енергија, односно ќе работи со максимален капацитет, седум дена во неделата наместо пет дена како досега, во периодот од 5 часот наутро до 1 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати. Електричната енергија ќе ја презема АД ЕСМ, додека зголеменото количество топлинска енергија кое произлегува од процесот ќе се испорачува кон БЕГ и Скопје Север, односно во топлинската мрежа во градот Скопје“, посочуваат од АД ЕСМ.

Оттаму потенцираат дека греењето во градот Скопје нема да се исклучува во вечерниот термин до 22 часот. како што беше утврдено досега, туку топлинска енергија за корисниците ќе се испорачува до 1 часот.

„До денот на преземањето на БЕГ од страна на АД ЕСМ, сите трошоци за испораката на греењето во Скопје ќе ги сноси ТЕ-ТО“, велат од компанијата.

Од АД ЕСМ истакнуваат дека стојат на ставот оти одлуките кои ги носат Владата и РКЕ  и преземањето на обврските од страна на АД ЕСМ, ќе го стабилизира снабдувањето со топлинска, но и електрична енергија кон граѓаните, со оглед на тоа што постои енергетска криза во глобални рамки.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе