Субјектите од категориите училишта и водостпански и комунални претпријатија кои не поднеле документи или поднеле некомплетни документи, можат да се пријават со комплетна документација до 20 декември годинава и да бидат снабдувани преку „ЕСМ продажба" од 1 јануари идната година, соопшти АД ЕСМ.
Од ЕСМ потсетуваат дека одд вкупно регистрираните 474 јавни основни и средни училишта во државата, за снабдување со субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба" се пријавиле 309 училишта со вкупно 869 броила и тие од 1 декември веќе се снабдуваат со струја по цена од 95 евра за мегават час.
Од вкупно 70 регистрирани водостопански и комунални претпријатија кои работат со пумпни или пречистителни станици, се пријавиле 51 субјект со вкупно 738 броила и се снабдувани со струја по цена од 95 евра за мегават час.
Во следните денови, како што информираат, ќе бидат објавени и субјектите од прехранбената индустрија со шифри на дејноста опфатени во одлуката од Владата, кои веќе се снабдуваат преку „ЕСМ продажба".
„И за прехранбената индустрија важат истите правила за пријавување со цел снабдување од 1 јануари идната година“, прецизираат од ЕСМ.