петок, 19 април 2024

Времето останува променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Објавено на

часот

Сподели

Како што најавуваат од УХМР, поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Времето денеска е променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните делови. Дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура се движи од 10 до 18 степени.

Времето во Скопје е променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец со температура до 16 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ