За разлика од претходното шестмесечје

ЕСМ понуди 7 евра поскапа струја, бара 48 евра за мегаватчас од јули

АД ЕСМ понуди цена на произведената електрична енергија од 48 евра за мегаватчас за периодот јули-декември 2022 година, седум евра повеќе од цената за претходното шестмесечје, јануари-јуни 2022 година кога изнесуваше 41 евра.

Како што информираат оттаму, корекцијата на цената мора да се гледа во контекст на енормното зголемување на цените на енергенсите на глобално ниво, како и нивната недостапност, особено во период на грејна сезона.

„Цените на мазутот, јагленот, гасот и електричната енергија забележуваат исклучително поскапување и тешкотии при набавката, што влијае врз производната цена на електричната енергија од АД ЕСМ“, стои во соопштението од ЕСМ.

Дополнуваат дека кога се анализира понудената цена од 48 евра за мегаватчас, треба да се земе предвид дека цените за електрична енергија на берзата HUDEX за периодот јули-декември 2022 година се движат меѓу 320 и 360 евра за мегаватчас.

„Доколку АД ЕСМ пресмета пазарна цена кон ЕВН Хоме тогаш крајната цена за граѓаните би била приближна до бројките од берзанските цени“, наведуваат во соопштението.

За периодот јули-декември 2022, наведуваат, ЕСМ ќе ги обезбеди вкупните количини на електрична енергија кои му се потребни на ЕВН Хоме, односно 100 проценти да ги покрие потребите на граѓаните и малите потрошувачи (законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60 отсто), како и целосно покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродистрибуција и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО.

„Исто така, ЕСМ се обврза да обезбеди и дополнителни 10 проценти енергија доколку ЕВН Хоме го побара тоа во текот на договорниот период“, велат од ЕСМ.

Од ЕСМ посочуваат и дека поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар, конзумот на ЕВН Хоме е зголемен за 27 проценти, (деловни субјекти, општини, јавно осветлување), и од тие причини, како што велат, АД ЕСМ го зголеми планот за производство на електрична енергија за 2022 година за 20 отсто од производството во 2021 година.

„Дополнителните потреби на ЕВН Хоме и на ЕВН Електродистрибуција ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните Битола и Осломеј, како и обезбедување доволни количини мазут за работа на ТЕЦ Неготино“, посочуваат од ЕСМ.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе