Според директорот Ковачевски

ЕСМ очекува одлука од Владата за препорачана цена на струјата

Во ЕСМ очекуваат Владата да донесе одлука за препорачана цена на електричната енергија, а потоа на 9 декември да достават понуда до ЕВН Хоум и да почнат со подготовки за реализација на планот за 2022 година. 

Како што изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, во 2022 година кон ЕВН Хоум ќе испорачуваат 100 проценти електрична енергија наместо досегашниот минимум од 60 отсто.

„Ги направивме сите подготовки за утврдување на цената на електричната енергија со план за производство, финансиски план и план за јавни набавки за 2022 година, со табела од цени доставени до Владата која пак треба да донесе одлука со препорачана цена за количините на електрична енергија кои што АД ЕСМ ќе ги испорачува на ЕВН Хоум како универзален снабдувач на енергија за малите потрошувачи и за домаќинствата. Ние како АД ЕСМ одлучивме наместо со минимум 60 отсто, во 2022 година кон ЕВН Хоум да испорачуваме 100 проценти енергија, и тоа ќе значи таа компанија нема да набавува дополнителни количества енергија, или со други зборови АД ЕСМ ќе остане чувар или стабилизатор на цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи. Очекуваме Владата да донесе одлука со препорачана цена на електричната енергија, а потоа на 9 декември да доставиме понуда до ЕВН Хоум да почнеме со подготовки за реализација на планот за 2022 година”, изјави Ковачевски на прес-конференција во Битола.

Тој најави дека ТЕЦ Неготино ќе почне со работа до крајот на месец декември и ќе работи до месец април. Според него, во изминатиот период беше подготвуван за да биде во функција и се очекува по испораката на 38 илјади тони мазут да се произведува електрична енергија до средината на идниот месец, а потоа во јануари ќе се набават дополнителни количини за производството на електрична енергија да продолжи во наредните четири месеци. 

Во РЕК Битола, пак, до крајот на месецов во функција ќе биде ставен трансформаторот што беше опожарен, а потоа ќе се продолжи со работа на трите блокови на РЕК Битола. Како што кажа Ковачевски, хидропотенцијалот е на ниско ниво и тој ќе биде користен само за системски и балансни услуги.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе