ЕСМ набави повеќе струја отколку што произведоа хидроцентралите и ветерниците

Во текот на вчерашниот ден ЕСМ набави повеќе струја, вкупно 3.350 МВч, додека хидроцентралите и ветерниците произведоа 3.115 МВч струја. Главното производство на струја и натаму е во термоелектраните.

Фото: П.Џ. - Maла хидроцентрала на Маркова Река

Во соопштението се вели дека АД ЕСМ на 5 декември произведе 12.379 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 9.264 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.115 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.350 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

Легенда под Главна слика

Фото: П.Џ. - Maла хидроцентрала на Маркова Река

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе