ЕСМ: Ќе се градат четири сончеви електрани во РЕК Битола

АД ЕСМ подготвува изградба на четири фотонапонски електрани со вкупна инсталирана моќност од 280MW во РЕК Битола.

Првата електрана од 20MW ќе биде лоцирана во самиот круг на комбинатот, веднаш до Термоелектраната, и за истата во тек е изработка на концептуален проект од страна на консултантот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Потоа ќе следува изработка на техничка спецификација и тендерска документација за избор на изведувач.

Втората фотонапонска електрана од 60MW ќе биде изградена на тлото на исцрпените наоѓалишта на јаглен во рудникот Суводол. Во тек е тендерирање за избор на најповолен консултант за изработка на фисибилити студија и студија за животна средина, а потоа ќе се имплементира проектот со најсоодветниот модел за финансирање. Средствата за изработка на студиите се од грант, обезбеден од KfW Банка.

Третата сончева електрана од 100MW ќе биде изградена исто така во рудникот Суводол, додека четвртата од 100MW ќе биде лоцирана во рудникот Брод-Гнеотино.

Во тек се подготовки за изградба и на гасна електрана во РЕК Битола, со почетна инсталирана моќност од 250MW, која ќе обезбедува и електрична енергија, но и топлинска енергија за Топловодот за Новаци, Могила и Битола, кој во моментот се гради.

Сите наведени проекти ја претставуваат енергетската транзиција на РЕК Битола и се инвестиции кои во следната декада треба да го заменат производството на електрична енергија од јаглен, паралелно прекфалификувајќи ги и вработените за работа во нови типови на производни капацитети, соопшти ЕСМ.

 

 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе