За дел од потребите за работа на РЕК Битола

ЕСМ ќе потпише договор за набавка на 90 илјади тони јаглен од Албанија

Договор за набавка на 90 илјади тони јаглен од Албанија ќе биде потпишан согласно повикот за набавка на јаглен за РЕК Битола, а за останатите количини повторно ќе биде објавен јавен повик што ќе биде отворен цела грејна сезона, информираат од АД „Електрани на Северна Македонија" (ЕСМ). Се очекува на повторениот повик компанија од Косово да ја докомплетира документацијата, бидејќи нивниот јаглен ги задоволува критериумите за РЕК Битола.

Договор за набавка на 90 илјади тони јаглен од Албанија ќе биде потпишан согласно повикот за набавка на јаглен за РЕК Битола, а за останатите количини повторно ќе биде објавен јавен повик што ќе биде отворен цела грејна сезона, информираат од АД „Електрани на Северна Македонија" (ЕСМ).

„Од деветте фирми кои дадоа 14 понуди од различни рудници во земјава и од регионот, дел од понудите не одговараа технички во однос на јагленот, додека дел имаа недостатоци во економско-финансиската евалуација, односно во назначениот рок немаа доставено комплетна документација. Од тие причини, повторно ќе биде објавен отворен повик во времетраење на целата грејна сезона и очекуваме да се обезбедат дополните 810 илјади тони јаглен за РЕК Битола и 170 илјади тони за РЕК Осломеј, велат од ЕСМ.

Отворениот повик, додаваат, ќе биде дополнителна можност за компаниите да ја комплетираат документацијата, како што е случајот со понудата на јаглен од Косово која ги задоволува техничките, финансиските и количинските барања на повикот.

„Економскиот оператор не успеа во првиот рок навремено да достави договор склучен со КЕК – државните електрани на Косово како испорачувач на јагленот, поради тековната промена на раководниот тим во косовските државни електрани. Сите економски оператори ќе имаат можност во текот на грејната сезона да доставуваат понуди, до обезбедување на бараните количини“, прецизираат од ЕСМ.

Нагласуваат дека ќе го засилат и ископот на сопствен јаглен и со тоа, како што велат, ќе го осигураме производството на електрична енергија во текот на зимската сезона.

-Нивото на ископан јаглен на депонијата во РЕК Битола изнесува 200 илјади тони, додаваат од ЕСМ

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе