Мерката МојДДВ дава резултати

Елези: Скенирани 7 милиони фискални сметки со промет од 3,5 милијарди денари

Мерката МојДДВ веќе ги дава резултатите за целите за кои беше воведена, односно  влијае на намалување на сивата економија и враќа пари на граѓаните, изјави заменик министерката за финансии Ширет Елези. 

Елези информираше дека заклучно со вчерашниот граѓаните оствариле поврат од над 930 илјади евра, скенирајќи скоро 7 милиони фискални сметки со промет од 3,5 милијарди денари, а фискални сметки скенираат 143 илјади граѓани.

„Со оглед на трендот на раст на регистрирани корисници и скенирани сметки, очекуваме бројот на месечно скенирани сметки и сумата на поврат иднините месеци да расте“, рече Елези.

Таа уште кажа дека бројот на сторнирани сметки е намален за 15% во овој период, а двојно е зголемен бројот на пријави за неиздадени фискални сметки во однос на минатата година.Во однос на намалување на сивата економија, пак, заменик министерката вели дека вкупната наплата на ДДВ е подобрена за 18,3% во однос на лани.

„Наплатата на ДДВ од почетокот на јули досега изнесува 75 милиони евра. Ова е раст од 18,3% во однос на минатата година. Подобрената наплата на ДДВ, заедно со одличната наплата на персоналниот данок, акцизите, како и придонесите, придонесуваат наплатата на вкупните приходи во јули да биде повисока за 16% во однос на лани. Со ова, од почетокот на годината досега приходите во државната каса се поголеми за 7,4% во однос на лани“, изјави Елези.

Според неа, како што ќе расте бројот на скенирани сметки, се очекува наплатата на ДДВ да остварува уште подобри резултати, како и да влијае на вкупната наплата на приходи во државната каса.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе