РЕАКЦИЈА

ЕЛЕМ: Електроенергетската состојба е стабилна

Електроенергетската состојба е стабилна, а граѓаните и целата индустрија на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количини енергија, информира директорот на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски. 

ЕЛЕМ реагираше на информациите дека минусните температури го исфрлија од употреба едниот од трите блока во РЕК Битола.

Деновиве, поради минусните температури имаше прекини во снабдувањето со струја во повеќе делови во земјава, а дел од граѓаните излегоа и да протестираат, како жителите на населбата Баир, битолско кои блокираа пат поради тоа што долго време биле оставени без струја на ниските температури.

Мицковски во писмената реакција наведува декаво првите седум денови од годинава АД ЕЛЕМ своето произвоство го има натфрлено за 10,9 проценти и во целост одговори на потребите на граѓаните и индустријата.

Тој додава дека поради студениот бран потрошувачката на енергија е зголемена за 10-тина проценти во однос на вообичаената потрошувачка за овој период од годината.

Мицковски тврди дека ЕЛЕМ во целост ги има ставено на располагање сите свои производствени капацитети.кои работат, а хидроелектраните се во резерва и, како што посочи тој, доколку дојде до зголемување на потребите на потрошувачите ќе бидат ставени во функција и ќе одговорат на потребите на потрошувачите.

 

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе