ЕЛЕМ бара пониска цена на струјата

Eлектрани Македонија (ЕЛЕМ) од Регулаторната комисија за енергетика бара намалување на производствената цена на струјата за 0,6 евра или за 1,5 отсто.

Според генералниот директор на државните електрани ова барање се должи на позитивните финансиски резултати што ги постигнува компанијата, оптималното искористување на производствените капацитети и продажбата на вишокот електрична енергија.

„АД ЕЛЕМ во барањето за определување на максималниот регулиран приход за 2018 година до Регулаторната комисија бара намалување на цената за 1,5 проценти. Ова е добра вест и се надевам дека и другите енергетски компании ќе нѐ следат и ќе има на крај позитивен ефект врз сите граѓани на Македонија“, рече Драган Миновски, директорот на ЕЛЕМ.

Од РЕК Битола, најголемиот производител на струја во државата, најавуваат инвестиција од 10 милиони евра за ремонт на сите три блока, до почетокот на новата грејна сезона.

„Оваа година почнавме капитален ремонт на „блок 1“ и ремонтни активности на „блок 2“ и „блок 3“. Сакаме да бидеме комплетно подготвени и сите три блока да бидат во функција на почетокот на месец октомври и да се истера грејната сезона онака како што треба да биде, стабилна“, вели Васко Ковачевски, директор на РЕК Битола.

Се најавува и модернизација и на РЕК Осломеј, како и нови инвестиции во обновливи извори на електрична енергија во Македонија. Проектот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште е повторно актуелен.

Со сите овие активности  се очекува зголемено производство на електрична енергија и стабилен енергетски систем во Макединија, велат одговорните.

Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

повеќе

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот... Само идентитетот ќе ви го нема.

повеќе

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, доколку биде ратификуван, ќе влезе во аналите на историјата на дипломатијата.

повеќе