Експозитурата на Шпаркасе банка во Неготино во нови простории

Шпаркасе банка Македонија со свечен настан за клиентите ја отвори експозитурата во Неготино, на нова атрактивна локација на улицата „Ацо Аџи Илов" бр.10, во центарот на градот.

На настанот присуствуваа многубројни клиенти, соработници и гости на банката од градот и од регионот. Новата експозитура располага со модерен ентериер, според најсовремени стандарди, воспоставени на ниво на Шпаркасе и Ерсте Групацијата.

Свое обраќање пред присутните гости имаа претставници на Шпаркасе банка Македонија, кои ја претставија деловната стратегија на банката за присуство со што повеќе експозитури низ државата, со цел да се доближи до своите сегашни и до идните клиенти и да овозможи брз и ефикасен пристап до своите производи и услуги.

Со модернизација на своите експозитури што ги задоволуваат највисоките просторни и функционални стандарди, Шпаркасе банка Македонија ја потврдува својата посветеност кон отворената комуникација и зголемената ефикасност во опслужување на клиентите, поголем број директни контакти и зголемена можност за користење повеќе атрактивни банкарски производи и услуги.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе