Поради состојбата со коронавирусот

Економскиот тим на Владата по темелните анализи дојде до прв сет на мерки

Короната освен здравствени, донесе и економски предизвици, затоа економскиот тим на Владата по темелните анализи дојде до прв сет на мерки преку кои земјата ќе се справува со економската криза на компаниите, изјави вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска која денеска го претстави првиот сет мерки за помош на стопанството за време на епидемијата на ковид-19. 

„Македонската економија нема да остане имуна на последиците од коронавирусот. Во изминатите неколку дена економскиот тим на Владата, во консултација со стопанските комори и експерти од различни области, правевме анализи и дојдовме до првиот сет мерки. Ќе ги балансираме ликвидноста на компаниите и ликвидноста на државата", изјави Царовска на прес-конференција во Владата.

Таа порача дека првата мерка е директна финансиска поддршка за ликвидност на микро, мали и средни претпријатија од страна на Развојната банка на Македонија, 5,7 милиони евра со која ќе се кредитираат директно компании поради неликвидност, кредитите со големо внимание да поддржат компании кои се директно погодени од корона вирусот и тоа со суми од 3.000 до 30.000 евра. 

Објасни дека овие кредити се бескаматни, а грејс периодот на отплата е од шест месеци до 2 години.

„Втората мерка е во однос на мерката за исплата на плати, бидејќи приоритет е да се задржи секое работно место, обезбедуваме субвенционирање на секторите транспорт, туризам угостителство и други погодени сектори, за месец април, мај и јуни 2020 во висина од 50 проценти од придонесите по вработен за исплатена просечна плата во земјата“, објасни Царовска.

Според неа, услов е компанијата да не го намалила бројот на вработени во месец февруари 2020 година под бројот на вработени, да не исплатила дивиденда, награди и бонуси.

 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе