Министерство за финансии

Економски раст, инвестиции и намалување на невработеноста, финансиска проекција до 2026 година

На среден рок, стапките на економски раст ќе надминат 5 проценти, стапката на невработеност ќе се намали на 8,6 проценти, додека стапката на вработеност ќе се искачи на 54,3 проценти, просечната плата ќе расте со просечна стапка од околу 4 проценти, бруто-инвестициите ќе се зголемат до 36,2 проценти во 2026, додека извозот ќе расте со просечна стапка од околу 8,8 проценти. Ова се проекции дадени во Фискална стратегија 2022-2024, со изгледи до 2026 година, што беше усвоена на синоќешната владина седница, а во која на 4,1 процет е проектиран економскиот раст за годинава.

Со стратегијата, како што соопшти денеска Министерството за финансии се продолжува праксата, што ја воспостави оваа институција со претходната ревидирана фискална стратегија за подолгорочно планирање, со проекции за пет наместо за три години.

Како што се наведува во соопштението од Министерството, согласно основното среднорочно сценарио, економскиот раст во 2021 година е проектиран на 4,1 процент, а во периодот 2022-2026 година се предвидува просечен годишен раст од 5,4 проценти.

„Основното сценарио се заснова на стојалиштето дека економијата ќе заздрави во 2021 година, по што ќе се интензивира економскиот раст. Државната поддршка преку различни економски мерки ќе продолжи во 2021 година, со цел поддршка на домашната економија за нејзино побрзо заздравување и создавање основа за повисок економски раст на подолг рок. Во однос на надворешното окружување, се очекува постепено стабилизирање на глобалните синџири за снабдување, раст на странската побарувачка, кои заедно со намалените притисоци од пандемијата во глобални рамки, се очекува да влијаат поволно врз домашните економски текови во наредниот период, како врз трговската размена, така и врз инвестициите и потрошувачката. Поволното меѓународно окружување и процесот на масовна имунизација во земјата се очекува да влијаат позитивно врз очекувањата и довербата на домашните економски субјекти и склоноста за инвестирање и потрошувачка", смета Министерството за финансии.

Се проектира реален раст на инвестициите на осум проценти за годинава, а во периодот до 2026 година инвестициите се очекува да забележат просечен годишен раст од 8,8 проценти.

„Растот на инвестициите се заснова на очекуваниот раст на приватните инвестиции, во услови на постепено зголемување на довербата на деловните субјекти, поинтензивен прилив на странски инвестиции, очекуваниот фискален импулс, кој ќе биде канализиран преку зголемени капитални расходи, но и зголемена поддршка за развој на приватниот сектор и зајакнување на конкурентноста, поддршка на иновативната дејност и технолошкиот развој на претпријатијата", посочуваат од Министерството за финасии.

Извозот на стоки и услуги се предвидува годинава да забележи реален раст од 10,6 проценти, а на среден рок, во услови на очекувано стабилизирање на растот на надворешната побарувачка и зголемување на извозниот потенцијал во земјата преку прилив на странски инвестиции, извозот се очекува да има силен придонес врз економскиот раст, односно е предвидено да забележи просечен реален годишен раст од 8,8 проценти во периодот 2022-2026 година.

Според основното макроекономско сценарио, во 2021 година се очекува раст на бројот на вработени од 1 процент, додека во периодот 2022-2026 година, вработеноста е предвидено да расте со повисоко темпо, односно е проектиран просечен годишен раст од 3,6 проценти. Растот на вработеноста во овој период се очекува да се одрази и врз понудата на работна сила, која е проектирано во просек годишно да се зголемува за 1,7 проценти.

„Ваквите движења на пазарот на трудот ќе придонесат просечната стапка на невработеност во 2026 година да се намали на 8,6 проценти, додека просечната стапка на вработеност да се зголеми на 54,3 проценти. Растот на просечната нето-плата во овој период се очекува да изнесува 3,8 проценти годишно на номинална основа, со изгледи за умерено интензивирање на растот во чекор со продуктивноста", велат од Министерството.

Вкупните приходи на Буџетот (централeн буџет и фондови) за периодот 2022-2026 година се планирани во висина од околу 31,3 проценти од БДП, а просечното учество на вкупните расходи да изнесува околу 34,4 проценти од БДП. Проектирано е постепено намалување на буџетскиот дефицит до 2,2 проценти во 2026 година, односно 4,3 проценти во 2022 година, 3,5 проценти во 2023 година, 2,9 проценти во 2024 година, 2,5 проценти во 2025 година и 2,2 проценти во 2026 година. Примарниот буџетски дефицит (буџетскиот дефицит без каматните плаќања), исто така, континуирано ќе се намалува од 3 проценти од БДП во 2022 година до постигнување на ниво од 1,2 проценти во 2026 година, соопшти Министерството за финансии.

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе