Економската состојба во преработувачката индустрија поповолна

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2017 година е за 0,9 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на јуни 2016 година е зголемен за 2,2 процентни поени.

Како што објави Државниот завод за статистика, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2017, во однос на мај 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени во однос на мај 2017 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2017 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на јуни 2016 година. Се очекува бројот на вработените да расте.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2017 година изнесува 64,9 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори-недоволната странска побарувачка со 22,4 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 19 отсто, недоволната домашна побарувачка со 18,7 отсто и неизвесното економско опкружување со 11,3 отсто, јави МИА.

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе