Економијата да биде приоритет на новата влада, апелира СКСЗМ

Владата да се формира што поскоро, економијата да биде приоритет, а во советодавниот тим да бидат вклучени аполитични експерти кои ќе имаат постојана комуникација и консултации со бизнисот, апелира денеска Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Според Комората, поради ковид-19 економијата во земјава минува низ длабока криза со која никогаш се немаат соочено ниту компаниите, ниту државните институции. Формирањето на новата влада и целосното функционирање на институциите е неопходно за да се санираат предизвиканите штети и да се проектираат натамошните чекори за тоа како ќе се развиваат процесите и програмите за закрепнување на економијата, која е една од главните столбови на државата.

„Имајќи го предвид фактот дека рокот истекува, апелираме до политичките партии што поскоро да ја изразат нивната одговорност преку формирање на новата влада, давајќи им приоритет на економскиот аспект и борбата против последиците од ковид-19. Последиците од вирусот имаат и продолжуваат да предизвикуваат големи штети во економијата кои резултираат со банкротирање на бизнисите, отпуштања од работа и неликвидност. За да бидеме колку што е можно подготвени за можен втор бран на вирусот, потребно е Северна Македонија да им претходи со неопходни мерки на претпазливост и во случај на таквите состојби нашата земја да не се оптоварува и со формирање на владата“, наведува СКСЗМ.

Комората смета дека од особено значење е во структурите на владата која ќе се формира, да бидат поставени аполитички експерти од областа на економијата, кои ќе бидат во постојана консултација со деловниот сектор и економските експерти, за, како што истакнува, процесите на одлучување и управување со економијата на земјата бидејќи во спротивно ќе има простор за неефикасна и политизирана влада.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе