„Еко-свест“ бара Владата да ја повлече одлуката за изградба на 8 хидроелектрани

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест" уште во февруари годинава реагирале на тендерот за хидроелектрани објавен на 4 јануари. Владата планира изградба на 22 мали хидроелектрани, а за 11 од предложените локации „Еко-свест" вели дека се во заштитени подрачја.

Еколозите предупредуваат на опасноста од уништувањето на цели екосистеми кои се од особена еколошка и биолошка вредност. За „Еко свест“ нема дилеми дека

овој повик е во спротивност со националните и меѓународните закони и е во спротивност на препораките на Европскиот парламент и Бернската конвенција.

Тие велат дека изградбата на малата хидроелектрана на Крапска Река, која се наоѓа на Јакупица укажува на серија прекршувања на нашите закони, недостиг од добра градежна пракса и трајно уништување на екосистемите и реката.

„За овој нов развој на состојбата со понатамошната изградба на хидроелектрани во заштитени подрачја планираме да ги информираме Енергетската заедница и Секретаријатот на Бернската конвенција“, велат од „Еко-свест“.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе