Не се знае дали ќе продолжат

Ејџиан ерлајнс ги прекина на неодредено време летовите кон Македонија, Хрватска и Црна Гора

Грчката авиокомпанија Ејџиан Ерлајнс ги прекина летовите за Македонија, Хрватска и Црна Гора, без навестување дека ќе продолжат идната година, со оглед дека е прекината продажбата на билети за трите земји.

Одлуката на Ејџиан Ерлајнс, како што пишува „Екс-ју авиешн“, се однесува на летовите од Атина за Загреб, Дубровник, Скопје и Подгорица, а авиокомпанијата во моментов нуди алтернатива само за Загреб преку нејзиниот партнер „Ер Србија“ преку Белград. На почетокот на пандемијата на коронавирусот во март Ејџиан објави дека ги прекинува и летовите за Сараево, само една година откако беа почнати.

Инаку, Ејџиан леташе кон Хрватска од 2015 година, кон Црна Гора од 2017 и кон Македонија од 2018 година.

Според најавите од авиокомпанијата, летовите за Белград кои беше планирано да продолжат во јуни, веројатно ќе продолжат во септември, но нема планови за продолжување на летовите од Македонија и од Црна Гора за Грција.

Летовите на линијата Атина-Скопје и обратно, по пауза од над десет години, беа обновени на 1 ноември 2018 година.

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе