Дуплирана поддршката за иновативните компании

ЕИФ и ПроКредит Банка со дополнителни 800 милиони евра за мали и средни претпријатија

Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и ПроКредит групацијата ќе пласираат дополнителни 800 милиони евра за иновативни проекти на мали и средни претпријатија (МСП), што претставува вкупно 1.62 милијрди евра за кредитирање на компании во 11 држави.

Поддршката која ја овозможува ЕИФ е отсега достапна преку ПроКредит банките во јужна и источна Европа и истата е наменета за компании кои употребуваат нови технологии и имаат иновативни производства во една од единаесетте држави каде што ПроКредит банките ги пласираат своите услуги (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Германија, Грција, Молдавија, Северна Македонија, Романија, Србија и Украина). Досега, ПроКредит банките имаат поддржано околу 2000 иновативни мали и средни претпријатија и тоа претежно во дејноста на производство, големопродажба и малопродажба, а уште голем број претпријатија ќе бидат финансирани и во следните неколку години.

Договорите за финансирање на малите и средни претпријата се дел од InnovFin иницијативата на Европска комисија, поддржани преку програмата Horizon 2020. InnovFin иницијативата овозможува банките да пласираат кредити за иновативни комапнии со гарантна шема поддржана од страна на ЕИФ. Договорот потпишан меѓу државите членки на ЕУ беше овозможен согласно поддршката од Европскиот Фонд за Стратешки Инвестиции. Овој фонд е централен столб од Планот за Инвестиции во Европа на Европската Комисија, исто така познат под називот „Juncker Plan”.

 

„Две години откако објавивме дека 80 милиони евра ќе бидат пласирани за МСП во единаесет држави, ЕИФ и ПроКредит ја дуплираат финансиската поддршка, што значи дека 1.62 билиони евра се сега достапни за финансирање на мали и средни претпријатија во овие земји. Континуираната и зголемена пддршка од страна на ЕУ ќе придонесе за промени кај илјадници претприемачи со иновативни бизнис идеи и потреба за финансирање на своите проекти, на ист начин како и кај 2000 компании кои досега беа финансирани преку оваа гарантна шема”, изјави заменик претседателот на Европската Комисија Jyrki Katainen, одговорен за работни позиции, раст, инвестиции и конкурентност.

Извршниот директор на ЕИФ, Pier Luigi Gilibert, пак, додава дека позитивно се изненадени што  InnovFin гарантната шема пласирана преку ПроКредит банките остварува одлични резултати. 

„Широката мрежа и позиционираноста на ПроКредит банките, комбинирани со експертизата за кредитирање на МСП се потврда дека гарантната шема поддржана од Европската Комисија ќе биде искористена во единаестте држави. Овие кредити ќе им овозможат на компаниите полесен пристап до финансирање поддржано од ЕУ со цел зголеување на иновативноста низ Европа”, вели тој. 

Претседателот на Надзорниот одбор на ПроКредит Холдинг, Др. Claus-Peter Zeitinger вели: „Проширувањето на нашиот договор е значаен показател за нашата банкарска групација. Истиот им дава до знаење на нашите клиенти дека ЕУ и понатаму ќе ги поддржува инвестициите од страна на мали и средни претпријатија во југо-источна и источна Европа и дека развојно ориентираната насока на ПроКредит банките е препознаена од страна на ЕУ.” 

Комерцијален текст

 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе