EИБ отвори претставништво во Скопје

Само заеднички и на интегриран начин и обединето ќе можеме да се справиме со предизвиците што се пред нас, порача потпретседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Лилјана Павлова на отворањето на локалната канцеларија на ЕИБ во Скопје што ќе биде лоцирана во просториите на Делегацијата на ЕУ во земјава.

„Мило ми е што дојде време и Скопје да се придружи на семејството на ЕИБ канцелариите ширум светот. Верувам дека отворањето на оваа канцеларија претставува многу силен сигнал на нашата долготрајна силна поддршка на земјата и на регионот во пристапните преговори и генерално во евроинтеграциите“, рече Павлова во поздравниот говор.

Отворањето на канцеларијата, додаде, ќе понуди нови можности за поддршка и да овозможиме нужна поддршка во овие многу ризични времиња во кои се соочуваме со социо-економски предизвици, енергетската криза и војната во Украина, а покрај тоа се уште се опоравуваме и од ковид кризата и допрва треба да се соочиме со предизвиците од климатските промени.

„Заеднички работиме на проекти и имаме низа проекти на кои ќе соработуваме. Коридорот 8 е еден од проектите кои допрва ќе следи, тука се и водоснабдителните проекти со МЖСПП, а со иновативниот пристап под палката на Министерството за финансии и проектите за давање на поддршка на мали и средни претпријатија, како и за зајакнување на капацитетот на Развојната банка. Се надевам дека набрзо ќе почнеме со нашите проекти за поддршка на регионот“, рече Павлова.

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека отворањето на претставништвото на ЕИБ во земјава е силно охрабрување за сите наши планови за одржување и раст на нашата економија и  силна порака и признание за земјава и на нашите заложби во врвот на приоритетите да ги ставиме енергетската транзиција, заштитата на животната средина, одржливиот транспорт, локалниот економски развој и приватниот сектор.

„Силно сме фокусирани на создавање на енергетска независност на државата и подобрување на инфраструктурата за подобро и побрзо движење и поддршка на компаниите кои се мотор на економскиот раст на земјата. Преку канцеларијата ќе се воспостави директна комуникација со Европската комисија во реализација на клучните проекти кои се остваруваат со финансиска поддршка на Европската Унија. Претставништвото на ЕИБ има за цел да ги забрза и новите иницијативи и ќе ја подобри идентификацијата, подготовката, обезбедувањето финансирање и извршувањето на проектите според најдобрите практики“, рече Ковачевски.

Потсети дека ЕИБ е активна во земјава од 1991 и преку неа се обезбедени финасии во висина од една милијарда евра за поддршка на клучни инфраструктурни проекти за развој на локални заедници и за поддршка намалите и средните претпријатија.

„Во моментов со буџет од 246,9 милиони евра наменет за кофинансирање на проекти во јавниот сектор се спроведуваат проектите за спроведување и одведување на отпадни води во општините, проектот за финансирање на мали и средни претпријатија и средно пазарни капитализирани претпријатија, гасниот интерконектор со Грција и проектот за пречистителна станица во Скопје. Во завршна фаза на подготовка е проектот за третата делница од Крива Палнка до Деве Баир на пругата кон Бугарија во вредност од 412,3 милиони евра“, посочи Ковачевски.

Министерот за финансии Фатмир Бесими порача дека отворањето на оваа канцеларија е уште еден доказ за блиската соработка меѓу нашата земја и ЕУ во процесот на нашето пристапување кон членство во ЕУ и додаде дека ЕИБ во континуитет ги поддржува најголемите проекти на нашата Влада.

„Соработката со ЕИБ е од големо значење за нас особено во услови на криза кога пристапот до финасии на меѓународните финансиски пазари е се поограничен. Поддршката кој ја добиваме од ЕИБ ќе овозможи побрзо закрепнување и постигнување на одржлив раст на среден рок“, рече Бесими и додаде дека покрај обезбедување на заеми земјава го користи и знаењето на ЕИБ за подобрување на реализацијата на проектите.

Техничката помош од ЕИБ, додаде, се обезбедува со грант средства.

„Поддршката од ЕИБ е клучна во областа на инфраструктурата и енергетиката, одлжливиот раст, зелената транзици ја, енергетската независност, како и поддршката на компаниите и иновативноста“, рече Бесими.

Нагласи дека во фаза на преговори се дополнителни 100 милини евра од ЕИБ за поддршка на стопанството во услови на криза и додаде дека очекува да бидеме меѓу првите земји што ќе ја користат грантовата шема на ЕИБ во рамките на Европскиот инвестициски план на Европска комисија за Западен Балкан.

Евроамбасадорот Дејвид Гир најави дека и понатаму ќе продолжат со поддршката на земјава за да го реализира потенцијалот за економски развој.

„Практичната и финансиската помош ќе и помогне на земјата да може да ги зграби економските можности да  овозможи одржлив развој и да го подобри животот на граѓаните“, рече Гир.

Додаде дека фактот што седиштето на Канцеларијата на ЕИБ ќе биде во просториите на Делегацијата на ЕУ ќе овозможи подобра координација на иницијативите но и ќе ја приближи ЕИБ до граѓаните.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе