петок, 26 април 2024

Во вторник истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на 8 мај

Најдоцна до 30 април на полноќ избирачите кои се болни или немоќни треба да се пријават во Општинските изборни комисии (ОИК) за да може да бидат посетени во своите домови на 8 мај и да гласаат за изборите за пратеници и за вториот круг од претседателските избори.

Објавено на

часот

Сподели

„Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање односно до 30 април на полноќ“, пишува во Роковникот за парламентарните избори на Државната изборна комисија.

За лицата кои се болни или немоќни а сакаат да гласаат исто така до ОИК треба да биде доставена соодвтена медицинска документација.

На 4 мај истекува рокот за барања за гласање на лица кои се во домашен притвор.

Болните и немоќните, затворениците, лицата во домашен притвор и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите и тоа на 7 мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ