„Едногодишниот Зоран е храбар борец. Неговата убава насмевка денеска ја исполни со позитивна енергија целата Клиника за неврохирургија. Зоран успешно се избори со една тешка операција и сега се чувствува добро. Му посакувам многу здравје, палави и среќни детски денови“, напиша Филипче.
Фотографијата која е објавена на социјалните мрежи е направена и објавена со дозвола на родителот.