Еднакви цени на екстралесното гориво со дизелот, нема кворум во Собранието

Регулаторната комисија за енергетика излезе со вонредна одлука за намалување на цените на нафтените деривати, што значи дека цените на бензините и дизелот од денеска се намалат за два денари.

Освен укинувањето на зголемената акциза на горивата, донесена како една од антикризните мерки за справување со финансиските проблеми пореди корона кризата, со недонесување на законските измени поради немање кворум во Собранието, престанува да важи и изедначувањето на акцизата на екстра лесното гориво со дизелот, со која по повеќе години се реши проблемот со злоупотребата на ова гориво за транспорт.   

Според објаснувањето од РКЕ, ова се случува од причина што Уредбата за одредување на скалеста акциза престанува со важност од денеска, а измените на Законот со кои тоа требаше да се спроведе, се уште не се изгласани во Собранието, поради отсуство на кворум.

Несериозното однесување на пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата го отежнува процесот на донесување на законски измени од кои директни придобивки имаат сите, почнувајќи од буџетот на државата кој нема да губи по 12 денари од литар за екстра лесно гориво, па се до граѓаните на кои ќе им се подобри квалитетот на животот поради намалување на загадувањето од злоупотребата на екстралесното гориво кое нелегално се користи во транспортот.

Европските земји по ова прашање се прецизни и не дозволуваат вакви злоупотреби токму поради реално тешките ефекти врз економијата и екологијата. Знаејќи го ова нашата земја која се бори да докаже дека заслужува да биде дел од европското семејство не смее да си дозволи вакви пропусти кои укажуваат на постоење на лични интереси над задоволување на интересите на општеството, укажуваат експертите.

Останува да видиме кои ќе бидат наредните чекори на пратениците. Дали ваквиот застој ќе го оправдаат со нивната неоправдана, но безопасна инертност или во недостиг на постапки можеби ќе се потврди дека позади злоупотребите со екстралесното гориво стојат најголемите политички партии во нашата држава.

А.Д.

 

 

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе