Здружение Правда за штедачи

Една година по затворањето на Еуростандард банка, сѐ уште се чека на реакција на државните органи

 Пред точно една година, на 12 август 2020 година, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска објави дека Еуростандард банка оди во стечај. Тоа беше црн ден за повеќе од 700 физички и над 2.000 правни лица, депоненти на банката, денес доверители во стечајната постапка. Овој ден значеше неизвесност и донесе несоница за повеќе од 3.000 семејства кои останаа без сопствените  средства, без животната заштеда, некои и без средства за живот. Агонијата за овие семејства трае еве точно една година без. Толку трае и надежта и борбата да се истрае во намерата средствата да бидат вратени и виновниците казнети не стивнува, се вели во денешното соопштение на здруѓението на оштетените штедачи и правни лица од стечајот на Еуростандард банка Правда за штедачи.

„Трагајќи по виновниците за својата агонија, но и за излезните решенија кои можат да значат надеж за враќање на средствата, оштетените штедачи во изминатава една година презедоа многу активности, мерки и конкретни постапки за решавање на проблемот. Речиси секојдневно здружението Правда за штедачи е присутно во јавноста, известувајќи за состојбата во банката, лошите пласмани, несоодветната контрола од надлежните државни институции, особено од Народната банка, сомневањата за криминал на раководниот тим на банката, несоодветно следење на текот на парите од институциите задолжени за тоа, апострофирање на повеќе корисници на кредити каде се давани нашите депозити без соодветно, некаде речиси и без никакво обезбедување. Притоа, во јавноста се изнесени многубројни податоци и информации кои не само што не беа демантирании од никој, туку напротив, истите најчесто беа потврдени и нивната веродостојност верификувана преку официјалните податоци од надлежни институции. Одржани се повеќе јавни протести и преесови, пред повеќе институции, со повик за одговорност и постапување согласно овластувањата. Организирани се повеќе јавни настапи, дебати и брифинзи на актуелни теми околу состојбата со Еуростандард банка. Во целата состојба затаија само тие до кои најчесто беа упатени повиците и кои требаше да бидат најревносни - државните органи што требаше да ја пресретнат целата состојба и да преземат конкретни мерки за утврдување на одговорност. На нивната акција сеуште чекаме.

Најрелевантен настан во изминатава една година кој ја враќа надежта дека оваа борба нема да биде залудна е одлуката на Уставниот суд од 25 мај оваа година, со која беше укинат член 163 став 3 од Законот за банки. Според експертските мислења со кои се консултираше нашето здружение, оваа одлука мора да биде имплементирана од органите кои ја водат стечајната постапка, и тоа согласно член 80 од Деловникот на Уставниот суд и правното мислење на Врховниот суд од месец октомври 2019 година. Затоа, очекуваме дека на нашето прашање како понатаму, многу скоро, по завршување на таканаречената судска ферија, која патем, завршува за три дена, ќе добиеме одговор. Одговор со кој Одлуката на Уставниот суд ќе мора да се почитува, што ќе значи дека Фондот за осигурување на депозити повеќе не ќе може да биде доверител во стечајна постапка на банка за износите исплатени по основ на осигурените депозити на физичките лица. Со тоа, физичките и правни лица доверители во Еуростандард банка, ќе добијат можност за наплата на своите побарувања од стечајната маса во целост, без никој да биде оштетен. Впрочем, доверителите веќе имаат доставено аргументирана анализа за последиците предизвикани со одлуката на Уставниот суд по стечајната постапка на Еуростандард банка со барање од Судот да ја констатира сегашната состојба и да донесе решение со кое ќе потврди дека Фондот законски не е повеќе доверител и нема право на наплата од стечајната маса. На тој начин, повторуваме, се решава во целост прашањето на оштетените доверители, физички и правни лица, за наплата на своите побарувања од стечајната маса на Еуростандард банка, со што ова може да биде редок пример на затворање на проблемот на оштетени доверители на банка без буџетски средства и без допонителен ангажман на јавни приходи. Тоа, крајно, би било не само во согласност со одлуката на Уставниот суд, туку и одраз на одговорност на државата кон своите граѓани - доверители и нивните семејства, и тоа во услови кога истите тие доверители не биле заштитени од истата таа држава, пред се преку односот на Народна банка, како високо поставена државна институција, која де факто, го дозволила и можеби и учествувала во грабежот на депозитите од банката.

За да биде појасно на пошироката јавност, оштетените физички и правни лица од Еуростандард банка не бараат обештетување преку јавни средства од буџетот на државата, туку за нивно целосно обештетување има доволно средства во стечајната маса на банката. Потребна е само доследна примена на Одлуката на Уставниот суд од 25 мај годинава за тие да ги добијат сопствените средства.

Затоа, ние, оштетените физички и правни лица од стечајот на Еуростандард банка очекуваме решение. Решение преку имплементација на Одлуката на Уставниот суд од 25 мај во стечајната постапка и целосна исплата на депозитите од нашите средства заробени во стечајната маса на банката. За тоа постојат правни претпоставки и, во моментов, доволно средства на стечајната сметка на банката. Потребен е само последниот чекор, усогласување на актите донесени во стечајната постапка со Одлуката на Уставниот суд. Затоа ги охрабруваме органите што ја водат стечајната постапка, особено Основниот граѓански суд Скопје, да испишат нова историја во стечајните постапки за банките и да донесат храбра одлука со која заробените депозити во стечајната маса на банката ќе ги вратат на нивните сопственици депоненти - физички и правни лица. Секоја поинаква одлука би била дополнителен бродолом за судството во државата и потврда дека овде не живее правната држава“, се вели во соопштението на Правда за штедачи.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе