ЕБРД смета дека е успешна реализацијата на соларната електрана Осломеј

Европската банка за обнова и развој објави кратко видео од фотоволтаичната електрана во РЕК Осломеј со порака дека сe горди за иновациите што се спроведуваат во Македонија.

„Горди сме што сме пионери во зелените иновации во Република Северна Македонија, каде првата соларна електрана во земјата ја заменува исцрпената термоелектрана во Осломеј”, стои во пораката на твитер-профилот на Европската банка за обнова и развој која учествуваше во изградбата на фотонапонската централа во Осломеј со 5,9 милиони евра.

АД ЕСМ во оваа инсталација вложи 1 милион евра сопствени средства.

Во кругот на РЕК Осломеј, на локацијата на исцрпениот рудник за јаглен, во близина на првата фотоволтаична електрана од 10 MW, АД ЕСМ се подготвува за нова инвестиција од по најмалку 40 MW до најмногу 50 MW. И таа инсталација ќе биде по принципот на јавно-приватно партнерство, при што АД ЕСМ ќе биде јавниот партнер.

Во соработка со Европската банка за обнова и развој, АД ЕСМ ќе инвестира во изградба и на фотонапонски електрани во Битола. Првата ќе биде со инсталирана моќност од 20 MW, со просечно годишно производство од 32 GWh. ФЕ Битола 2 ќе биде со инсталирана моќност од 40 MW, со годишно производство од 70 GWh и проценета вредност од 30 милиони евра, за кои капацитети веќе се направени пресметки за идно производство, одредено е земјиштето и завршени се студиите за приклучок. Проектот ФЕ Битола 3, пак, е со инсталирана моќност од 100 MW, со годишно производство од 170 GWh, и проценета вредност од 70 милиони евра.

АД ЕСМ изминатите три години постојано работи на проекти за зголемувањето на учеството на обновливите извори на енергија во вкупното производство на електрична енергија во Македонија, со што државата е препозната како лидер во регионот по напорите за преминување кон нискојаглеродна економија, соопшти АД Електрани на Северна Македонија.                                                               

 

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе