Извештај за економскиот раст во земјава

ЕБОР: Македонската економија делумно закрепна, но прогнозите се неизвесни

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја зголеми прогнозата за економски раст на Македонија за годинава на 4 проценти, што е за еден отсто повеќе од проценката што беше дадена во септември 2020, но и проекцијата за раст на БДП за 2022 исто така изнесува 4 отсто. ЕБОР наведува дека во текот на минатата година БДП се намали за 4,5 проценти на годишно ниво, како резултат на двоцифрениот пад на инвестициите и на извозот и како резултат и на падот од шест проценти на приватната потрошувачка. 

Заклучокот е дека овие намалувања беа донекаде урамнотежени со зголемувањето на владината потрошувачка која бележи раст од 10 отсто, стои во Извештајот на ЕБОР.

Во извештајот се вели дека индустриското производство се намали за 10 проценти, а секторот трговија, транспорт и сместување за осум отсто.
ЕБОР забалежува и дека беа спроведени низа пакети помош, фокусирани на поддршка на ликвидноста на погодените бизниси, заштита на работните места и поддршка на најранливите групи на население преку субвенции, одложувања на данок на доход, обезбедување заеми по поволни услови и гаранции и секторска специфична поддршка.

Во првите четири месеци од 2021 година, индустријата порасна помалку од четири проценти на годишно ниво, но продажбата на мало и извозот се зголемија над 20 и 40 отсто на годишно ниво.

„Делумно закрепнување се очекува во 2021 година, со реален раст на БДП од четири проценти како резултат на закрепнувањето на извозот и приватната потрошувачка, како и одржливата потрошувачка на Владата. Интензитетот на растот се очекува да продолжи во 2022 година со четири проценти како резултат на продолжувањето на приватните инвестиции. Сепак, предвидувањата се неизвесни. Ризиците има пред се во брзината на враќање на надворешната побарувачка и во способноста на Владата да ја реализира својата амбициозна агенда за инфраструктурата", се наведува во Извештајот.

Од земјите во регионот, проекцијата за Србија годинава е шест проценти, за Албанија 4,5, за БиХ 3,5, за Косово 4 и за Црна Гора 8,5 отсто.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе