Е-волуција на ФЦА брендовите на саемот во Женева

На Меѓународениот саем за автомобили во швајцарскиот град Женева, што оваа година се одржува 89. пат, брендовите од групацијата ФЦА - Фиат концепт сто и дваесет (Fiat Concept Centoventi) доминираа со многубројни новитети, особено кај новата генерација електрични автомобили и концепт-модели.

 

 

Концептот на првиот Aлфа Ромео плаг-ин хибриден СУВ дебитира во Женева 2019

Aлфа Ромео  влегува во светот на електричните автомобили откривајќи го новиот концепт - компактен СУВ компато Алфа Ромео тонале (SUV compatto Alfa Romeo Tonale). Тонале е првиот хибриден модел плуг-ин и компактно јутилити возило  од Бишоне, којшто преку јазикот на Aлфа Ромео сака одново да ги напише правилата во сегментот, кој во моментов е со најголем раст. Благодарение на единственоста на италијанскиот стил и на неспоредливото задоволство при возење, Aлфа Ромео Тонале е погледот кон иднината во сегментот на СУВ, кој има моќ да создаде сеопфатен и креативен израз преку фузија на убавината и технологијата. Накратко, уметничко дело, апсолутно ремек-дело на дизајнот на Aлфа Ромео. Не случајно првите букви на моделот Aлфа Ромео Тонале го формираат зборот AРТ – уметност.

Фиат концепт сто и дваесет: „сенародниотодговор на електричната мобилност

На саемот во Женева првпат е претставен ФЦА, концептот кој совршено ја одразува визијата на италијанската марка за тоа каква ќе биде електричната мобилност на народот во блиска иднина, авторитативно и демократско предвидување, почнато пред 120 години, исполнети со историја и искуство на полето - од каде што и доаѓа името на прототипот. Концепт кој ќе знае да, како што налага традицијата, се издвои од останатите и да тргне напред. Иновативноста е во кабината која овозможува лесно реконфигурирање во неколку различни распореди, а конзолата има специјални конектори кои овозможуваат да бидат додадени разни додатоци, а со тоа уште повеќе да се истакнат можностите за персонализација преку новата програма 4У.

Новите Џип ренегејт и Компас ПХЕВ: моќност и автономија

На штандот во Женева првпат се појавија и моделите на марката Џип (Jeep) со хибриден мотор плуг-ин, опремен со батерии на полнење од надворешен електричен извор, кои имаат моќ да складираат значително количество електрична енергија. Марката Џип прави уште една еволуција во однос на почитување на природната средина и намалувањето на вкупните трошоци со нови плуг-ин хибридни ПХЕВ модели. Моделите Ренегејт (Renegade) и Компас (Compass) доаѓаат со силни електромотори со кои можат да поминат повеќе од 50 км само на струја, возејќи со максимална брзина од околу 130 км/ч.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе