Е-трговијата мината година порасна за 59 проценти

Согласно податоците од Народната банка вредностa на онлајн трансакциите во 2021 година изнесува 437,1 милиони евра што претставува годишен раст од 59 отсто, додека во текот на минатата година кон домашните е-трговци се слеале 335,3 милиони евра, соопшти Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

„Иако пандемијата стивнува и работите веќе се враќаат во нормала, растот на новоотворените е-продавници, како и бројот и вредноста на реализираните е-трансакции продолжува и понатаму, со поголема динамика од пред пандемијата.
Согласно последните објавени податоци за платежна статистика од Народната Банка на Република Северна Македонија, кон домашните е-трговци се слеале 335,3 милиони евра во 2021 година што претставува раст од 47,9% споредено со 2020 година. Од нив 5% се реализирани со странски картички, додека 95% со домашни платежни картички“, велат од Асоцијацијата.

Што се однесува до вредноста на е-трансакциите направени со домашни картички кон странски е-трговци, по падот од 52,4% во 2020 година споредено со 2019 година, годинава се забележува раст од 113% или во апсолутен износ реализирани се 101,8 милиони евра во 2021, наспроти 47,8 милиони евра во 2020 година.

„Ако намалувањето на овој сегмент на трансакции во 2020 година беше очекувано со оглед на пандемијата и рестрикциите за патувања, како и бавната достава на производите, очигледно е дека во 2021 година овие сегменти започнуваат да функционираат во голема мера и поради тоа вредноста на е-трансакциите со домашни платежни картички кон странски е-трговци го надминува нивото на кое била во 2019 година.

Од аспект на бројот на трансакциите, во текот на 2021 година реализирани се вкупно 14,6 милиони онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 10,6 милиони во текот на 2020 година што претставува пораст од 38,7%.
Вкупната вредност на онлајн трансакциите остварени во 2021 година изнесува 437,1 милиони евра, од која со домашни платежни картички се потрошиле 420,7 милиони евра (кон домашни и странски e- трговци), додека до странски платежни картички се потрошиле 16,4 милиони евра (само кон домашни е-трговци)“, соопшти АЕТМ.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе