Е-трговија: Лани имало 7,3 милиони онлајн трансакции, најмногу нарачки биле во Обединетото Кралство и Унгарија

Асоцијацијата за е-трговија, повикувајќи се на податоци објавени од Народната банка, објави дека во текот на 2020 година граѓаните на Македонија реализирале вкупно 7,3 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 229,6 милиони евра, од кои 167,3 милиони евра кон домашни е-продавници, што е високи 73 отсто во вкупната вредност на онлајн трансакции.

Со домашни платежни картички во странство, во 2020 година реализирани се вкупно 2.8 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 62,3 милиони евра, наспроти 100 милиони евра во 2019 година што претставува пад од 17,9 отсто во бројот на трансакции и 38 отсто во вредноста на трансакциите. Од Асоцијацијата за е-трговија велат дека падот е очекуван ако се земе предвид дека поради пандемијата не се патува, па трансакциите за авио-билети и резервации на хотели се драстично намалени.

Од вкупниот износ во вредност од 62,3 милиони евра кои граѓаните на Македонија лани ги потрошиле онлајн за пазарење во странство, дури 73,6 отсто од вредноста на трансакциите се реализирале во корист на десет странски земји. Најголема вредност на трансакциите, односно најмногу онлајн плаќања се реализирале кон Обединето Кралство, Унгарија и Ирска и тоа до некаде е и очекувано, имајќи предвид дека од овие земји потекнуваат Amazon UK, ASOS (Обединето Кралство), WizzAir (Унгарија) и Facebook, Google (Ирска).

Што се однесува до бројот на онлајн трансакции со македонски платежни картички во странство, високи 80,6 отсто од трансакциите завршиле во корист на 10 земји. Најголем број на трансакции со домашни платежни картички (вкупно 547.713) се реализирани во корист на веб продавници од Луксембург каде што е регистрирана европската филијала на Амазон преку која се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од Европските земји, без Обединето Кралство.

За разлика од претходната година, значително е намален бројот на плаќања кон компании регистрирани во Обединето Кралство и Унгарија поради драстичното намалување на патувањата и користењето на авио транспортот.

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе