Џонсон Мети, Еуроникел, ИГМ го држат извозот на Македонија

Дури 48% од вкупниот извоз на државата е создаден од 10 најголеми компании, со вредност од 2,77 милијарди евра. Првите пет се од автомобилската и металопреработувачката индустрија и скоро сите се со странски капитал.

Голем дел од одржливоста на македонската економија потекнува токму од извозно ориентираните компании. Извозниците, и големите и помалите остануваат носечки столб на македонската економија. Големите извозници се и големите производители и вработувачи, а најголемите се во секторите, трговија на големо и на мало; автомобилска индустрија со 30% и преработувачка индустрија со 10,9 %. Извозно ориентираните компании имаат најголем ефект врз растот на БДП.

Иако, во Македонија се регистрирани скоро 73.000 активни деловни субјекти, само 0,3% имаат над 250 вработени. Овие се најсилните и креаторите на македонската економија.

Стимулирањето на извозот паралелно со инвестициите претставува најефективниот метод за вклучување на Македонија кон глобалната економија. Најголемо учество во националниот БДП извозот имал во 2019 година со 62,3%, а вкупната вредност на приходот од извозот во 2020 година беше 5,77 милијарди евра.

Како што продажбата на странските пазари каде конкуренцијата е огромна, е најдобар параметар за вреднувањето на една компанија, така вредноста на извозот е најголема потврда за успехот во работењето на една компанија.

Дури 48% од вкупниот извоз на државата е создаден од 10 најголеми компании, со вредност од 2,77 милијарди евра. Првите пет се од автомобилската и металопреработувачката индустрија и скоро сите се со странски капитал.

Најголем извозник во првата петорка во македонската економија е Џонсон Метибританска компанија од автомобилската индустрија. Извозот на Џонсон Мети минатата година изнесувал 1,74 милијарди евра. Втор најголем извозник е германската инвестиција Кромберг и Шуберт, исто од автомобилската индустрија чиј извоз во 2020 година беше 187,5 милиони евра. 

Со извоз од околу 183 милиони евра, годишен раст од околу 10%, трет најголем извозник е кавадаречката Еуроникел индустриПоранешното Фени, а сега Еуроникел индустри веќе петта година успешно работи и произведува, со континуиран растечки тренд во производството и извозот. Финалниот производ, висококвалитетен никел во форма на фероникел, го пласира на европскиот, азискиот и американскиот пазар и со растечката вредност на извозот придонесува кон градење и зацврстување на домашната економија.

ИГМ трејд е уште еден голем извозник од Кавадарци, производител на челични цевки и профили, чија извозна вредност во 2020 година беше 91,7 милиони евра. Исто, меѓу првите пет е и белгискиот производител на автобуси Ван Хоол со извоз од 118 милиони евра.

Значењето на големите компании, освен по вредноста на извозот, по влијанието врз БДП се вреднува и според бројот на вработени. Во Кромберг и Шуберт работат над 5.000 луѓе, Ван Хоол, Еуроникел индустри и Џонсон Мети имаат просечно по 1.000 вработени. Овие бројки се многу значаен инпут кон одржливоста и на локалните економии.

Работа на глобални пазари, поддржувачи на локална економија, голем број вработени, општествена одговорност, значењето на овие компании се мери од повеќе страни, но се тоа се сведува во важноста што ја имаат и придонесот за македонската економија. Илустративно, работата на само една од нив, Еуроникел индустри има директен удел во домашниот бруто производ кој е нешто повеќе од 2%, што е исклучителна бројка за само еден деловен субјект.

Р.М.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе