Реакција

ЏМС транспорт го бара стечајниот на Еуростандард банката за да го врати кредитот

Правниот субјкет ЏМС транспорт е корисник на наменски кредит од Еуростандард банка обезбеден со неколку залози и хипотеки кои како вредност на проценет и заложен имот го надминува износот кој е одобрен и доделен како кредит. ЏМС транспорт како правен субјект има неколку побарувања кои како досудени судски предмети во вкупен износ го надминува неколку пати одобрениот кредитен износ од Еуростандард банка, реагира компанијата на соопштението на здружението на оштетени штедачи од банката Правда за штедачи.

„Веднаш по отворањето на стечајната постапка на Еуростандард банка, на рочиштето пред судот дадовме јасна и недвослислена воља и намера со која изразивме јасен план за враќање на кредитот каде по укажување на судијата ни беше предложено во мејл комуникација со стечајниот управник на банката ваквите наши намери да ги истакнеме и предложиме до истиот. Но и покрај пет до шест пати инсистирање и преписки до стачајниот упарвник, одговор не добивме.

Значи од наша страна постои јасна и недвосмислена намера за враќање на кредитот, но таква желба нема од другата страна која ако барем малку е кооперативна успехот би бил неизбежен. Уште еднаш изразуваме подготвеност за соработка со стечајниот управник на Еуростандард банка за изнаоѓање на ефикасно решение за враќање на кредитот“, се вели во реакцијата на друштвото за транспорт производство и услуги ЏМС транспорт ДООЕЛ увоз-извоз Скопје , претствувано од овласеното лице Џеват Ајдиновски од Арачиново.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе