Два златни медали за винарија Камник на светски вински натпревари

Карменер 2019 на винарија Камник доби златен медал на светски реномираниот меѓународен вински натпревар International Wine Challenge 2021, каде што освои 95 поени и е единствен златен медал за македонско вино.

Оценувачите го опишаа Карменер (Carménère 2019) како ароматично, со ноти на црна слива, хербални тонови и зачински нишки на ванила и пиперка, свежо и со прекрасна завршница.

International Wine Challenge е признат како најригорозен, непристрасен и највлијателен годишен вински натпревар во светот. Ригорозниот процес на оценување на IWC подлежи на најмалку три одделни „слепи“ дегустации при што секое вино се категоризира според доследноста на стилот, регионот и бербата.

Винарија Камник пред само неколку месеци го лансираше Карменер 2019 како прво вино во земјата и регионот што е направено 100% од истоимената сорта грозје. Со својот изразено зачински вкус и чист состав, како и инстантниот успех на Карменер 2019, се открива Македонија како регион со извонреден потенцијал и за оваа сорта.

Златен медал, исто така, доби и Вајнмејкерс селекшн 2019 (Winemakers Selection 2019) на франкфуртскиот вински натпревар Frankfurt International Wine Trophy 2021. Вајнмејкерс селекшн 2019 e црвено суво вино добиено со фузија на врвни сорти грозје од сопствените насади на винaријата Камник – вранец, мерло и карменер. Се одликува со комплексна арома, истакнат овошно-зачински карактер што потсетува на зрела цреша, дополнет со дискретни ванилински поттонови.

Реномето на Frankfurt International Wine Trophy, е изградено врз специфичен и строг метод на оценување. Меѓународната жири комисија е составена од експерти и искусни познавачи, а при оценувањето се користи скала за сензорна анализа според критериумите на Меѓународната организација за вино и винова лоза.

Винаријата Камник постои повеќе од 15 години и претставува синоним за динамична и модерна средина во која креативноста и науката создаваат современа експресија на автентичната македонска традиција на правење вино. Резултатот се вината на Камник, чиј квалитет и посебност се препознаени и одликувани на најпрестижните светски вински натпревари.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе