ДАЛИ МАКЕДОНСКИОТ ДОЛГ Е ОДРЖЛИВ?

Секое бебе се раѓа со 2.274 евра јавен долг

Mоменталното ниво на македонскиот државен и јавен долг се сѐ уште е во одржливи рамки, но се движат кон границата на одржливоста. Иако простор за нови задолжувања постои, поголемиот дел на фискалниот простор е веќе искористен, покажува последното истражување на Институтот за економско истражување и политики Фајнанс тинк (Finance think) од Скопје.

Истражувањето насловено како „Дали Македонските државен и јавен долг се одржливи?“ го процени одржливото ниво на државниот и јавниот долг под различни макроекономски претпоставки.

Резултатите на студијата покажуваат дека, врз база на истражувања повеќе сценарија за среднорочни вредности на макроекономските варијабли кои влијаат врз динамиката на долгот, одржливите граници на Македонскиот државен долг се движат помеѓу 41% од БДП и 48,7% од БДП. Аналогно, земајќи ја предвид просечната разлика помеѓу државниот и јавниот долг границите на одржливост на македонскиот јавен долг се движат помеѓу 51% и 51,9% од БДП.

Главните препораки кон кои креаторите на политиките би требало да се насочат се: финансирање на исклучиво продуктивни инвестиции со висок фискален мултипликатор, целосно елиминирање на непродуктивните тековни трошења, додека растот на тековните трошења за плати во јавна администрација, пензии и социјални трансфери треба да се усогласат максимално со номиналното ниво на раст на економијата. Дополнително стабилизација на деловното институционалното и правното окружување ќе доведе до подобрување на кредитниот рејтинг, кој би довел до намалување на премијата за ризик на државата и воедно пониски каматни стапки на задолжувањата во иднина, соопшти Фајнанс тинк.  

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе