Асоцијацијата вчера соопшти дека ни Државна видео лотарија на Македонија (ДВЛМ) нема право да приредува интернет игри на среќа и дури изразува сомнеж дека ДВЛМ тоа нема да го почитува.
„Уредбата со законска сила за примена на Законот за игри на среќа и забавните игри за време на вонредна состојба со која приредувачите на игри на среќа имаа право, преку интернет, да ги приредуваат игрите на среќа престанува да важи од 22 декември. Ова значи дека сите приредувачи на интернет игрите на среќа кои вршеле приредување на интернет игри на среќа мора да прекинат.
Државна виделотарија на Македонија, како друштво основано со заедничко вложување на Државна лотарија на Македонија и Касинос Аустриа Интернатионал ДОО има право да ги приредува и интернет игрите на среќа до истекот на траењето на Договорот за основање, а овластувањето за приредување на интернет игрите го има од самиот закон (ex lege) и не подлежи на системот на лиценцирање како што подлежат другите приредувачи кои имаат намера да ги приредуваат и интернет игрите на среќа“, се вели во соопштението на ДВЛМ.